Вчера започна Светското првенство во алпско скијање и ќе трае до 17 февруари во Шладминг, Австрија, а Македонија со петмина скијачи ќе настапи на ова натпреварување.
Антонио Ристевски и Дардан Дехари се поискусните скијачи во тимот и ќе настапат во трките во слалом и велеслалом, додека помладиот Марјан Накошу ќе вози само во слалом, а исто така младите Бесар Илјази и Гентијан Куртеши ќе настапат само во велеслалом.
Квалификациите за велеслаломот се на 14 февруари, а еден ден подоцна е трката, додека слалом квалификациите се на 15 февруари а трката исто еден ден подоцна. Во главната трка се квалификуваат првите 100 скијачи од квалификациите.
Селекторот Иван Лесевски најмалку на еден од скијачите очекува пласман на трката како и место од 30 до 50.