Македонската репрезентација во традиционално карате ќе брои петмина натпреварувачи на 22. Европски Фудокан шампионат за сениори, јуниори, кадети и деца, што ќе се одржи од 27 до 30 март во Наполи, Италија.
Нашите репрезентативци ќе земат учество во повеќе дисциплини во неколку возрасни категории.
На европскиот шампионат ќе настапат следните репрезентативци:
1. Огнен Тасевски,
2. Мила Саздова,
3. Антонија Белазелкоска,
4. Јелена Дробниќ и
5. Матеј Јарчевски.
Каратистите ќе бидат предводени од селекторот Венцислав Недев и тренерот Дејан Недев.