Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за следното издание во Лигата на нации. Нашиот национален тим се наоѓа во Дивизија Ц и ќе биде во групата 4 заедно со Ерменија, Фарски Острови и со Летонија. Може да се каже дека имавме релативно добар ждреб, затоа што избегнати се главните фаворити во оваа дивизија, Шведска и Романија.

Првите две кола ќе се играат на 5. и 8. септември 2024 година, по што ќе следат уште два натпревари на 10. и 13. октомври и потоа финалето на 14. и 17. ноември. Елиминациската фаза е резервирана за 2025 година.

Важно е да се напомене дека УЕФА го промени форматот на натпреварувањето за следната сезона. Сега ќе продолжат две селекции, со четвртфинале, полуфинале и финале. Третиот од групата игра плејоф, а последниот ќе испадне.

Четирите победници на Лигата на нации кои нема да се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година ќе имаат можност да играат плејоф за да обезбедат пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Луда прослава во македонската соблекувална: Вие не сте нормални

ВИДЕО: Клучни три бода во Ереван, Македонија трумфално против Ерменија

Катерина Ѓуровски

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски