Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Шведска со 3-1 и со максимални три победи го заврши првиот турнир од А-групата во Европската лига.
„Црвено-жолтите“ лошо го отворија натпреварот и го загубија првиот сет со 24:26, а потоа беа доминантни во следните три сета и ги решија во своја корист со 25:17, 25:18 и 25:18.
Македонија турнирот го заврши со само еден изгубен сет, оној првиот на вечерашниот меч.
Претходно во 3.коло Албанија го совлада Азербејџан со 3:1.
Табела: Македонија 6 бода, Албанија 5, Шведска 3 и Азербејџан 1.