Македонија со четворица спортисти на Европскиот младински олимписки фестивал „Ѓер 2017″

Од:

Од денеска до 29 јули, во Ѓер, Унгарија ќе се одржи Европскиот олимписки младински фестивал (ЕМОФ).

На овој спортски настан за спортисти до 18 години, Македонскиот олимписки комитет ќе учествува со следната, млада, олимписка делегација:

Арбреша Реџепи – Џудо (категорија -48 кгр)
Хамза Јашари – Џудо (категорија -66 кгр)
Еди Шерифовски – Џудо (категорија -73 кгр)
Горан Мицковски – Џудо (тренер)
Ана Јаневска – Пливање (дисциплина 50 и 100 метри слободно)
Андреј Шелезенев – Пливање (тренер)
Владимир Богоевски – Шеф на делегацијата.

ЕМОФ е олимписки (летен и зимски) фестивал во организација на Европските олимписки комитети и се одржува под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет. Првиот летен ЕМОФ е одржан во 1991 година во Брисел (Белгија), а 1993 година следеше и првото издание на Зимскиот ЕМОФ.

За овие игри Владата на Република Унгарија издвои околу 38 милиони евра. Изградени се три нови спортски објекти, а реновирани единаесет.

Отварањето на игрите ќе биде вечерва со почеток во 20:30 часот.

Во Ѓер ќе настапат повеќе од 3.000 спортисти од 50 европски земји, кои ќе се натпреваруваат во 10 спорта, а 1.200 волонтери ќе дадат соодветна помош за одличната организација на овој спортски натпревар на европските млади спортисти.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ