Како што најавуваат белгиските медиуми на мечот меѓу Белгија и Македонија што се игра на 22. март, во Скопје се најавени најмалку 500 гостински навивачи. Белгија е репрезентација која отсекогаш била бодрена од своите навивачи, а Националната Арена „Филип Втори“ нема сигурно да биде исклучок.
Белгијците се моментално лидери во нашата табела за СП Бразил 2014 и главни фаворити за освојување на првото место.
За разлика од нив, белгиската федерација обезбеди 2.000 билети за нашите фанови на возвратниот дуел кој се игра во Белгија. Стадионот „Крал Будуен“ во Брисел има капацитет од 64.000 гледачи, а според белгиските медиуми целиот капацитет е распродаден веќе пред неколку месеци.
Доколку македонската експедиција го исполни капацитетот кој го предвиделе домаќините за овој натпревар, тогаш нашата репрезетација би имала голема поддршка на овој дуел.