Македонија против Ирска за пласман во полуфиналето

Од:

Тениската репрезентација на Македонија попладнево против Република Ирска го игра решавачкиот дуел од Б групата од Третата Европска зона од Дејвис купот. Дуелот е дел од натпреварувањето што се одржува во Талин, Естонија. Тенисерите од Република Ирска во нашата група ја имаа улогата на фаворити. Двете селекции во првите две кола постигнаа максимални победи од 3:0 против Албанија и Ерменија.

Според најавите за Македонија во првиот меч ќе игра Димитар Грабул, а негов ривал ќе биде еден од двајцата играчи кои играа на преходните дуели Бјорн Томсон (18 години, 1046 место на АТП) и Петер Ботвел (20 години, 1115 АТП). Грабул со своите 34 години е поискусен, а во пресрет на Дејвис купот имаше успешен настап на фјучрс во Швајцарија на тврда подлога (четири победи во пет меча).

Во вториот меч за Македонија ќе настапи Томислав Јотовски, како наш најдобро рангиран играч и за ривал ќе го има Сем Бери (24 години, 359 АТП). Во двојки пријавени за Македонија се Грабул и Јотовски, но доколку мечот биде решен шанса ќе добие Горазд Србљак, нашиот трет играч во репрезентацијата. Кај Ирска во двојки се очекува да настапи Дејвид О‘Хер, кој има и најдобар ранг – 231 на АТП листа во двојки.

Победникот во полуфиналето ќе игра најверојатно против селекцијата на Кипар предводена од Маркос Багдатис. Почетокот на дуелот е во 16 часот по локално време или во 15 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ