Македонија поведе во мечот против Албанија

Од:

Тениската репрезентација на Македонија оствари водство против Албанија во дуелот од второто коло од Третата зона на Дејвис купот што се игра во Талин, Естонија. Првиот поен за Македонија го донесе Димитар Грабул кој со 7:6 (7:3) и 6:1 во сетови за 63 минути го победи Флавио Дече.

Во вториот меч ќе играат Томислав Јотовски и Генајд Шпеа, а по овој дуел ќе следува и мечот во двојки каде за Македонија се пријавени да играат Јотовски и Горазд Србљак.

Утре Македонија го игра клучниот дуел за првото место во групата Б, а ривал ни е селекцијата на Република Ирска.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ