Македонија поразена од Ирска во Дејвис купот

Од:

Тениската репрезентација на Македонија не успеа да го освои првото место во група Б од Третата Европска зона од Дејвис купот откако вечерва во Талин, Естонија го загуби дуелот со Република Ирска со 2:1. Со ова нашите тенисери не се изборија за дуел со Кипар и евентуален пласман во Втората Евро-африканска зона.

Во решавачкиот меч во двојки Томислав Јотовски и Димитар Грабул загубија од Сем Бери и Дејвид О‘Хер со 6:3 и 6:2 во сетови за точно еден час игра.

Во двата сингл меча двете репрезентации остварија по една победа. Најпрвин Грабул го победи Бјорн Томсон со 2:1 во сетови, а потоа Јотовски загуби од Бери со 2:0 во сетови.

Утре во полуфиналните мечеви ќе играат Естонија – Молдавија и Кипар – Република Ирска, а победниците од дуелите ќе се пласираат следната година еден ранг повисоко. Македонија и следната година ќе игра во Третата Европска зона од Дејвис купот.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ