Македонската одбојкарска репрезентација се пласира во полуфиналето од Европската лига, откако попладнево забележа уште една победа над турската селекција.
Конечниот резултат на средбата одиграна во СЦ „Борис Трајковски“ е 3-0 по сетови 25:18; 25:19 и 25:20.
Ова беше шести триумф за „црвено-жолтите“ во исто толку одиграни натпревари и со максимален ефект го обезбедија најмалку второто место во Б групата, доволно за осигурување на полуфиналето.
До крајот од групната фаза македонските одбојкари два пати ќе гостуваат во Словенија каде ќе се одлучи која репрезентација ќе заврши на првото место.
Табела: Македонија 17 бодови (6 натпревари), Словенија 12 (4), Турција 3 (4), Австрија 3 (6) и Данска 1 (4).