Ракометната репрезентација на Македонија и во вториот контролен натпревар постигна победа над Босна и Херцеговина. Дуелот кој беше од затворен карактер без присуство на публика заврши 35:31 за „црвено-жолтите“.
Најефикасен во победничкиот состав беше капитенот Кирил Лазаров со седум голови, кај гостите се исткна Марин Вегар со осум погодоци.
Селекторот на Македонија, Лино Червар за синоќешниот меч на располагање ги немаше Талески, Нелоски и Велковски, кои настапија за младинската селекција.
Македонија и Босна денеска во салата во Автокоманда ќе го одиграат и третиот контролен дуел.