Македонија не обезбеди пласман во Втората зона од Фед Купот

Од:

Тенисерките Катерина Маринковиќ и Магдалена Стоилковска не успеаја да и донесат на Македонија место во повисок ранг во Фед Купот, откако денеска ги загубија своите мечеви против Норвешка во плеј-офот за пласман во Втората Евро-африканска зона.

По овој резултат Македонија која во Улцињ настапуваше без најдобрата своја тенисерка Лина Ѓорческа, останува и догодина да игра во Третата зона од Фед Купот.

Победата на Норвешка и ја донесоа Мелани Стоке која беше подобра од Маринковиќ и Улрике Ејкери која триумфира над Стоилковска. На двата меча беше 2-0 во сетови.

И покрај денешниот поразот, Македонија со освојувањето на првото место во групата и трите победи над Ерменија, Република Ирска и над Исланд, може да биде задоволна од настапите на купот во Улцињ, Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ