Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска почнува нов циклус натпревари за настап на Светското првенство во Германија 2017 година.
Македонија се наоѓа во групата 3 од квалификациите, а во првото коло ривал ни е селекцијата на домаќинот Фарски Острови. Двете првопласирани селекции од групата 3 ќе обезбедат пласман во баражот што ќе се игра во јуни 2017 година. Покрај Македонија и Фарски Острови во групата играат Австрија и Исланд. Дуелот Македонија – Фарски Острови почнува вечерва во 21 часот.
– Треба да бидеме сериозни во првиот натпревар и да „отвориме“ како што треба и само со сериозен пристап може да дојдеме до добар резултат. Најпрвин треба да прикажеме добра игра, а резултатот ќе дојде сам по себе, изјави селекторот на женската ракометна репрезентација Симе Симовски
На квалификацискиот турнир Македонија во второто коло ќе игра против Австрија во сабота, а во последното трето коло противник ни е Исланд.
Пласман во баражот од две квалификациски групи, кои досега завршија обезбедија селекциите на: Украина, Словачка и Италија.