Македонија на стартот од Европското првенство игра против Хрватска

Од:

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 19 години) со вечерашниот натпревар против Хрватска ќе го почне настапот на Европското првенство што од денеска до 6.август ќе се игра во Словенија. Македонија е во групата Б и покрај денешниот дуел со Хрватска, утре играат против Русија од 17 часот, а во недела противник им е селекцијата на Норвешка (почеток 19 часот).

Нашите репрезентативки ги очекуваат три исклучително тешки натпревари. Првопласираните две селекции од групата ќе ги продолжат натпреварите во борба за медалите, додека останатите репрезентации ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.

Македонија на ова Европско првенство ќе ја претставуваат 17 ракометарки: Слободанка Кицеска, Сандра Митевска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Милевска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Сашка Филиповска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Михаела Камчевска, Јована Владева, Ања Велкова и Сара Коларовска, а селектор е Борче Марковски.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ