Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Тирана ја победи Шведска со максимални 3-0 во сетови на првиот ден од вториот турнир од А групата од Европската лига.
„Спартанците“ го добија првиот сет со 25:16, во вториот беше 25:22, додека најнеизвесно беше во третиот сет кој заврши 32:30.
По овој триумф, Македонија и теоретски го обезбеди пласманот на завршниот турнир.
Нашите одбојкари утре ќе играат со Азербејџан, а в недела со домаќинот Албанија.
Албанците во попладневниот меч исто така со 3-0 го победија Азербејџан.
Табела: Македонија 12 бода, Албанија 8, Шведска 3, Азербејџан 1.
Од Б-групата пласман на завршниот турнир обезбедија Украина и Данска.