Македонската одбојкарска репрезентација постигна нова победа во Европската лига откако денеска по вторпат во два дена ја совлада Полска на нејзин терен со 3:1 во сетови.
Со овој триумф Македонија и конечно ја освои втората позиција на табелата во групата, а со тоа ги задржа шансите за пласман на завршниот турнир.
Резултат по сетови: 25:15; 23:25; 19:25 и 22:25.
Полските одбојкари поведоа со 1:0, а потоа Македонија заигра многу подобро и најпрво израмни на 1:1, а потоа го сврти резултатот во своја полза за конечни 3:1 во сетови.
Со оваа победа Македонија сега има 21 бод и за пласман на Ф4 во Полска неопходно е Грција да ги загуби двата меча на гостински терен против Словенија со по 3-0 или 3-1, односно да не освои ниту еден бод.