Македонија ја совлада Полска со 3:2 во сетови

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација постигна нова победа во Европската лига откако вечерва ја совлада Полска на нејзин терен со 3:2 во сетови. Со овој триумф Македонија се проби на втората позиција на табелата во групата и со тоа ги задржа шансите за пласман на второто место и учество на завршниот турнир.

Резултат по сетови: 26:24; 22:25; 24:26; 25:20 и 15:12.

Македонските одбојкари поведоа со 1:0, а потоа противникот го презеде водството со 2:1 во сетови. Во продолжението повторно избраниците на селекторот Жарко Ристоски беа сигурни и успеаја да изедначат на 2:2. Во решавачкиот сет Македонија ги искористи своите шанси и ги казни грешките на противникот.

Полска и Македонија ќе одиграат утре уште еден натпревар со почеток од 17 часот. Во тек е дуелот меѓу Естонија и Израел.

Табела А група: Естонија 8-0 (победи-порази), Македонија 6-3, Полска 6-3, Австрија 2-6, Данска 2-6 и Израел 1-7.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ