Македонија ја совлада Малта во Дејвис купот

Од:

Македонската тениска репрезентација го доби првиот меч во групата Б на Дејвис куп натпреварувањетоп што се игра во рамките на Третата Европска зона во Сегедин, Унгарија.

Нашата селекција води со 2-0 против Малта и останува да се одигра уште мечот во двојки.

Првиот поен за Македонија го донесе Томислав Јотовски со триумфот над Метју Ацјек со 2:0 (6:3 и 6:1) во сетови, додека и во вториот меч во сингл победа оставри Димитар Грабул против Бренар Касан Тореџани со 2:0 (6:2 и 6:2) во сетови.

Во игра на двојки за Македонија ќе настапат Грабул и Шендрит Деари, додека за Малта Тореџани и Бредли Калус.

Македонија утре против Албанија го игра и вториот меч од групата.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ