Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ја постигна и втората победа на мечевите од Трета Европска зона што се игра во Сегедин Унгарија.
Во првиот сингл меч Шендрит Деари го победи Арбер Сулстарова со 6-2 и 6-1 во гемови. Во вториот сингл дуел Димитар Грабул славеше над Генајд Шипеја со 6-0 и 6-1.
Во игра на двојки дебитантот Бојан Јанкуловски и Томислав Јотовски ги победија реи Пелуши и Шипеја со 6-0 и 6-2.
Утре за нашата селекција е слободен ден, а во сабота против Турција го игра мечот за влез во Втората Евро-афиканска зона.