Македонија ја пречекува Шпанија во СРЦ „Кале“

Од:

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје го игра првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Србија 2013 година. Противник ни е селекцијата на Шпанија, која пред две години во баражот ја елиминираше Македонија. Во Скопје, Македонија победи со 24:21, а во Аликанте беше 37:22.

Селекторот на македонската репрезентација, Гино Стрезовски очекува борба и максимална концентрација, а се надева дека позитивниот резултат ќе дојде низ добра игра.

– Ветувам голема борба и ако некои сметаат дека Шпанија лесно ќе стигне до победата ќе се излажат во тоа. Имаме неколку од последните натпревари на Шпанија и мислам дека ќе имаме против игра за нив, истакна Стрезовски.

Натпреварот Македонија – Шпанија се игра утре вечер од 20 часот и 15 минути, а влезот во салата е слободен.

Во редовите на Шпанија ќе настапи и ракометарката на Вардар СЦБТ, Шпанката Бегоња Фернандез.

Од бараж дуелите за Светското првенство вечерва играат уште: Франција – Хрватска и Словачка – Романија. За утре се закажани натпреварите: Турција – Данска, Исланд – Чешка, Холандија – Русија, Германија – Украина и Шведска – Полска.

Реванш натпреварите се играат следниот викенд, а пласман на Свесткото првенство имаат обезбедено: Црна Гора (европски првак), Унгарија, Норвешка и Србија (домаќин).

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска