Македонија ја декласира Австрија во Виена, Димитријевиќ со трипл-дабл

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација со убедлива победа го отвори вториот претквалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2029 година. Избраниците на селекторот Берокал ја совладаа Австрија со 91-59 во Виена, во меч во кој доминираа од почеток до крај.

Неизвесност имаше само во воведните минути, по што Македонија направи серија од 12-0 и поведе со 26-11. Првата четвртина заврши со 30-14, а во продолжението предноста само растеше.

Во третата четвртина Македонија стигна и до максимални +27 (60-33), а во финишот разликата надмина и 30 поени. Нашите кошаркари без проблем ја контролираа играта до самиот крај и стигнаа до убедлив триумф пред бројната македонска публика во Виена.

Посебно импресивен беше Ненад Димитријевиќ, кој се врати на паркетот по подолга пауза и веднаш забележа фантастичен трипл-дабл – 15 поени, 14 скока и 11 асистенции.

Најефикасен во македонскиот состав беше Виктор Ефремовски со 17 поени, додека Адем Мекиќ постигна 12, а Мозес Рајт додаде 12 поени и 9 скока.

По првиот ФИБА прозорец, Македонија и Кипар се на врвот на табелата со скор 1-0, додека Австрија има два порази.

Следниот натпревар Македонија ќе го одигра на домашен терен против Кипар на 26 ноември. Само првопласираната репрезентација од групата ќе обезбеди пласман во квалификациите за ЕП 2029.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кошаркарите триумфално и во Луксембург, со шест победи го завршија циклусот

Марјан Илиевски веќе не е селектор на машката кошаркарска репрезентација на Македонија

А1он

Сениорите пристигнаа во Даблин

Предраг Петровиќ

Омари Мур пред дебито за Македонија: „Возбуден сум за новиот предизвик“

Илиевски пред почетокот на подготовките: „Сега сме поискусни, но нема да менуваме многу работи“

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија