Македонија – Грција на Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години во Скопје

Од:

На Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје, денеска ќе се играат средбите од второто коло.

Нашите млади ракометарки предводени од селекторката Јулијана Дамчевска денеска ќе го има својот прв настап и тоа дуел против нашиот јужен сосед Грција.

Средбата, Македонија – Грција ќе се игра во терминот од 17 часот, а е втората од денешната програма во А групата, во која претходно (15 часот) ќе играат Фарски Острови – Полска.

Двојките во Б групата се: Израел – Бугарија и Косово – Словенија.

На вчера одиграните средби беа постигнати овие резултати.
А група: Полска – Грција 28-24 и Швајцарија – Фарски Острови 28-22. Слободна беше Македонија.
Б група: Словенија – Израел 28-24 и Исланд – Косово 25-26. Слободна беше Бугарија.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска