Македонија гостуваа во Чешка во баражот за ракометниот Мундијал

Од:

Македонската ракометна репрезентација денеска со Чешка ќе го одигра првиот дуел од бараж двомечот за Свесткот првенство. Средба се игра во Злин каде пред една ипол годинадвете селекции одиграа нерешено 27:27, иако домаќинот на тој натпревар водеше со високи седум голови разлика (18:11).

Деби на клупата на „црвено-жолтите“ ќе има хрватскиот стручњак Лино Червар.

– Мора да имаме сериозен пристап особено штонемавме многу време за подготовка и воигрување. Ако пристапот е борбен, агресивен тогаш и на гости може да се стигне до добар резултат. Оваа репрезентација има горко искуство со лошиот пристап во натпреварот со Тунис, видовме што се случи веќе во седмата минута. Тоа не смееме да го дозволиме. Од првата минута мора да влеземе како да е „меч-топка“, значи да се бориме за секоја топка. Ако така го сфатиме натпреварот, тогаш ќе можеме да дадеме позитивна оцена. Не смееме во дуелот да влеземе и да мислиме како ќе загубиме помалку разлика, тоа не е добар пристап. Мора да се насочиме да победиме, изјави Червар.

Тој предупреди дека Чешка е сиелн состав иако ќе настапи без Јиха и Хорак.

– Видовме дека Чешка е најсилна како колектив, тоа го покажа и на двата меча со нас во претходниот циклус. Тука губевме седум разлика. Тоа е една воиграна екипа, за која не смееме да мислиме дека е неискусна. Тоа се играчи како Здрахала, Бабак, кој е многу агресивен на пивот, така што би било многу наивно ако мислиме дека ќе ни биде лесно. Затоа го барам тој исклучително агресивен пристап, додаде македонскиот селектор.

Почетокот на натпреварот е во 12 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ