Најдобрите ракометарки на Македонија вечерва во Сорија, во близина на Мадрид против Шпанија го играат реванш натпреварот од баражите за Светското првенство што ќе се одржи во Србија годинава. „Црвената фурија“ е практично пласирана, а Македонија е без шанси нешто повеќе да се оствари особено што загуби на првиот натпревар во Скопје со 21:27.
Нашата репрезентација ќе настапи дополнително ослабена бидејќи селекоторот Гино Стрезовски нема да може да смета на повредената Мирјета Бајрамовска и на овој натпревар.
Покрај натпреварот Шпанија – Македонија во текот на викендот се играат и другите реванш бараж дуели: Данска – Турција (42:20 прв натпревар), Чешка – Исланд (29:17), Русија – Холандија (27:26), Романија – Словачка (23:21), Украина – Германија (16:24), Полска – Шведска (26:23) и Хрватска – Франција (18:18).