Македонија ги добива противниците во Дејвис купот

Од:

Македонската тениска репрезентација се наоѓа во Сегедин, Унгарија каде од утре до сабота ќе настапува во рамките на Третата Европска зона на Дејвис купот.

За денеска на пладне е закажано и извлекувањето на групите. Македонија се наоѓа во „првиот шешир“ со домаќинот Унгарија, Естонија и Грузија.

Потенцијални ривали од „вториот шешир“ ни се: Малта, Црна Гора, Турција и Ерменија, а против еден од овие противници Македонија утре ќе го отвори настапот.

Во „третиот шешир“ се наоѓаат селекциите на Сан Марино, Лихтенштајн, Албанија и Исланд, кои се сметаат за аутсајдери.

Македонија ќе настапи во состав: Димитар Грабул, Томислав Јотовски, Шендрит Деари и Бојан Јанкуловски (дебитант). Селектор на Македонија е Дејан Маринковиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ