Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 19 години) ја имаат улогата на домаќин на квалификационата група 1 за Европското првенство што од 27.јули до 6.август годинава ќе се одржува во Словенија. Во групата покрај Македонија се наоѓаат уште и селекциите на Унгарија, Молдавија и Фарски Острови.
Двете првопласирани репрезентации ќе изборат учество на Европското превенство.
-Сметам дека имаме реални шанси за пласман на Европското во Словенија. Унгарија е селекција која е фаворит во групата. Против Фарските острови и Молдавија ќе се обидеме да ги постигнеме двете победи за пласман на ЕП, изјави селекторот на младинската ракометна женска селекција Борче Марковски.
Македонија вечерва игра против Унгарија, утре (сабота) е дуелот против Молдавија, а во недела противник е селекцијата на Фарски Острови. Македонија натпреварите ќе ги игра во терминот од 19:30 часот, а дуелите се играат во СРЦ „Кале“.