Македонија домаќин на Ф4 турнирот од Европската лига во одбојка

Од:

Фајнл-фор турнирот на Европската лига во одбојка ќе се игра во Скопје, соопштија од Одбојкарската Федерација на Македонија. Завршниот турнир на Сребрената европска лига ќе се одржи на 15 и 16 мај 2018 година. Дополнително ќе биде одредено во која сала ќе се играат натпреварите.

Македонија оваа сезона во Европската лига игра во групата А заедно со Косово, Летонија и Австрија. Домаќинот, сепак, има загарантиран пласман на фајнл-фор турнирот.

„Црвено-жолтите“ во претходните години редовно стигнуваа до финалето, но ниту еднаш не успеаја да ја минат последната пречка.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ