Македонија – Белгија од 250 до 500 денари

Од:

Македонската фудбалска федерација ги одреди цените на влезниците за квалификацискиот натпревар против Белгија, кој на 22. март од 20.45 часот ќе се игра на „Филип Втори“ арената.

Цените се движат од 250 до 500 денари, а се очекува љубителите на фудбалот во нашата земја да дојдат во што поголем број на „Филип Втори“ арената и со огромна поддршка од трибините со фер и коректно навивање да им помогнат на избраниците на Чеде Јаневски да продолжат со одличните резултати и да атакуваат на победа против фаворизираниот состав на Белгија.

Цената на билетите за Западна и Источна трибина изнесуваат 250 денари, додека за Северна и Јужна ќе се движат од 350, 400 и 500 денари зависно од позицијата на трибината.

Репрезентацијата на Белгија во своите редови поседуваат ѕвезди во имињата на: Азар, Фелаини, Витсел, Компани, Вермален. Моментално Белгија заедно со Хрватска се наоѓаат на делба на првото место во нашата група со по 10 бода, додека Македонија е четвртта со 4 бода.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони