Мајк Тајсон користи допинг?

Од:

Неодамна легендата на боксот Мајк Тајсон објави дека се „враќа во игра“ на 53-годишна возраст. „Железниот Мајк“ започна со објавување видеа од неговите тренинзи, во кои изгледа во многу добра форма и потсети на неговото славно минато.

Неколку дена подоцна, уште една легенда, Евандер Холифилд исто така објави дека се враќа на рингот. Тајсон сака да учествува во битки по 3-4 рунди за добротворни битки.

За само неколку месеци, Мајк се најде во одлична физичка форма, што воодушеви многумина. Долгогодишниот коментатор и аналитичар Џо Роган вели дека треба да го тестираат Тајсон за забранети материи, затоа што во спротивно ќе видиме брутални работи од него.

– Работите ќе бидат многу различни ако не го тестирате за хормони. Ако тој зема тестостерон, хормон за раст, хормон за тироидната жлезда и сите работи, што луѓето ги прават кога земаат терапија за замена на хормони, тогаш вашето тело функционира многу подобро во позрела возраст. Ако Тајсон и Холифилд и сите други момци не се тестираат, можеме да видиме некои луди работи. Не знам, можеби тој не е на забранети материи. Можеби тој е само специјален спортист, изјави Роган во својот подкаст.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јутјуберот Џејк Пол го победи Тајсон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тајсон му удри шлаканица на Џејк Пол на мерењето, хаос пред долгоочекуваната борба

А1он

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

(ВИДЕО) Тајсон на 58 години е во топ форма, обожавателите му се восхитуваат, подготвен е за борба со јутјуберот

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка