По слабиот старт во новата НБА сезона челниците на ЛА Лејкерс одлучија да му врачат отказ на тренерот Мајк Браун.
Причина за ваквиот потег е само една победа во петте дуели од новата сезона во најквалитетното кошаркарско натпреварување во светот.
Медиумите во САД шпекулираат за евентуално можно враќање на Фил Џексон на кормилото на Лејкерси, додека други наголемо лицитираат со евентуалните можни наследници на Браун, како Мајк Д’Антони, Нејт Мекмилан, Брајан Шо…
Официјалните кандидати или пак новиот тренер се очекува да бидат обелоденети во следниве неколку дена.