На првиот ден од атлетските натпревари беа одржани две финални дисциплини. Полскиот атлетичар Томаш Мајевски го одбрани златниот медал од Пекинг во дисциплината фрлање ѓуле.
Тој со најдобар резултат сезонава – 21.89 метар го освои првото место, со три сантиметри подобар резултат од Давид Сторл од Германија, додека бронзата ја освои Американецот Ресе Хофа.
Во трката на 10.000 метри во женска конкуренција златниот медал го освои Тирунеш Дибаба од Етиопија со време 30:20.75 минути, пред двете натпреварувачки од Кенија, Сали Јепкосгеи Кипиего и Вивиан Јепкемои Чериот.