Тимот на Мајами Хит втора сезона по ред е шампион на Истокот, а со тоа и збори и пласман во големото НБА финале откако ноќеска го совлада тимот на Бостон Селтикс со 101:88 во мајсторката.
Натпреварот беше решен во последната четвртина откако по првите три беше 73:73.
Триото на Мајами, Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош одиграаа доволно добро за четврта победа против Бостон. Џејмс имаше 31 поен и 12 скокови, Вејд 23 поени и по шест скокови и асистенции, а Бош 19 поени и 8 скокови.
Во поразениот тим Ражон Рондо одигра уште еден добар плејоф натпревар, но недоволно за победа на неговиот тим. Рондо имаше трипл дабл 22 поена, 14 скокови и 10 асистенции.
Големото финале Оклахома Сити – Мајами ќе почне во вторник, а домаќин на првите два натпревара е Оклахома Сити.