Екипата на Мајами Хит стигна до брејк и изедначување во сееријата со 1-1 против Оклахома Сити Тандер во Чеспик Енерџи Арената со резултат 100:96.
Како и на првиот натпревар Мајами водеше цел натпревар имаше и плус 16, но во финишот за малку ќе го загубеше натпреварот. На 12 секунди до крајот Дурент имаше шут за изедначување но го промаши, по кој следуваа две слободни на Џејмс.
Џејмс имаше 32 поени, Вејд 24, а Крис Бош 16 и 15 скока, кај Оклахома Дурент 32 поена.
„Добрата работа на вечерашниот натпревар е тоа што тие погодуваа но ние враќавме“, рече Џејмс по натпреварот.
Следниот натпревар е во понеделник наутро.