Мајами остана без плеј-оф

Од:

Со одигрувањето на 14 натпревари ноќеска заврши првата фаза во НБА лигата. Последни кои обезбедија место во разигрувањето за титулата се екипите на Индијана и на Чикаго, додека Мајами остана без пласман во плеј-офот.

Постигнати резултати:

Бостон – Милвоки 112:94,
Чикаго – Бруклин 112:73,
Кливленд – Торонто 83:98,
Хјустон – Минесота 123:118,
Индијана – Атланта 104:86,
Мемфис – Далас 93:100,
Мајами – Вашингтон 110:102,
Њујорк – Филаделфија 114:113,
Оклахома – Денвер 105:111,
Орландо – Детроит 113:109,
Јута – Сан Антонио 101:97,
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 109:94,
ЛА Клиперс – Сакраменто 115:95 и
Портланд – Њу Орлеанс 100:103.

Од Западната конференција место во плеј-офот обезбедија: Голден Стејт 67-15 (победи-порази), Сан Антонио 61-21, Хјустон 55-27, ЛА Клиперс 51-31, Јута 51-31, Оклахома Сити 47-35, Мемфис 43-39 и Портланд 41-41.

Пласман во разигрувањето за трофејот од Источна конференција изборија: Бостон 53-29 (победи-порази), Кливленд 51-31, Торонто 51-31, Вашингтон 49-33, Атланта 43-39, Милвоки 42-40, Индијана 42-40, Чикаго 41-41.

Двојки за првото коло во плеј-офот:

Источна конференција:
Бостон – Чикаго,
Кливленд – Индијана,
Торонто – Милвоки и
Вашингтон – Атланта.

Западна конференција:
Голден Стејт – Портланд,
Сан Антонио – Мемфис,
Хјустон – Оклахома и
ЛА Клиперс – Јута.

Се игра во четири добиени натпревари.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот