Мајами не запира, 25. победа во серија

Од:

Тимот на Мајами постигна уште една победа во низа, вкупно 25, откако ноќеска пред своите гледачи го совлада Детроит.

Најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс со 29 поени, а покрај него уште четири играчи имаа двоцифрен ефект Двејн Вејд 19, Реј Ален 11, Марио Чалмерс 11 и Норис Кол 10.

Резултати од ноќешните натпревари: Торонто – Њујорк 94:99, Орландо – Оклахома Сити 89:97, Индијана – Милвоки 102:78, Атланта – Портланд 93:104, Мајами – Детроит 103:89, Њу Орлеанс – Мемфис 90:83, Хјустон – Кливленд 116:78, Далас – Бостон 104:94, Сан Антонио – Јута 104:97 (продолжение), Феникс – Минесота 86:117 и Лос Анџелес Лејкерс – Вашингтон 100:103.

Двојки за вечерва: Шарлот – Детроит, Њујорк – Торонто, Чикаго – Индијана, Мемфис – Бостон, Денвер – Сакраменто, Лос Анџелес Клиперс – Бруклин и Голден Стејт – Вашингтон.

Пласман во плеј офот имаат изборено: Мајами, Индијана, Њујорк, Бруклин (Исток), Сан Антонио, Оклахома Сити, Денвер и Лос Анџелес Клиперс (Запад).

Пласман Источна конференција: Мајами 54-14 (победи-порази), Индијана 43-26, Њујорк 41-26, Бруклин 40-28, Атланта 38-31, Чикаго 36-31, Бостон 36-32, Милвоки 34-34,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ