Екипата на Мајами Хит ја одбрани титулата во НБА лигата, откако на 7-от натпревар славеше против Сан Антонио со 95:88.
Ова е прв пораз за Сан Антонио во 5-то појавување во финалето, Чикаго има 6 титули во исто толку појавувања во финалињата во текот на 90-те. Додека Лејкерси имаат 16 титули и 14 порази, а Бостон 17 титули и 4 порази.
Леброн Џејмс постигна 37 поени и 12 скока и втора година по ред го доби признанието МВП на финалето, а трофејот го доби од 11 кратниот шампион, Легендарниот центар на Бостон Бил Расел. Вејд помгна со 22 поени и Батие од клупата со 18.
Кај поразените Данкан постигна 24 поени и 12 скока, Каваи Ленард 19 поени и 16 скока.
„Тим Данкан е еден од најдобрите играчи на оваа игра на сите времиња“, рече Вејд по натпреварот.
„Ова беше најтешката серија за нас, честитки за тимот на Сан Антонио“, рече тренерот Сполстра.