Лучиќ, Цинцадзе и Пајиќ потпишаа за МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион потпиша договори за новата сезона со уште тројца кошаркари. Верноста кон МЗТ Скопје ја продолжи Урош Лучиќ, а нови играчи во тимот од Аеродром се Гиорги Цинцадзе и Марко Пајиќ.

Лучиќ кој лани дојде во тимот на МЗТ Скопје со своите добри игри во финалната серија беше еден од најзаслужните за освојувањето на двојната круна.

Грузиецот Цинцадзе (28 години, 192см), настапува на бековската позиција. Во својата играл за  ЦСКА Москва, Динамо Москва, Тарту Рок, Трефл Сопот, Олимпиа Тбилиси и Будивелник од Киев. Цинцадзе е и стандарден член од првата петорка на грузиската кошаркарска репрезентација.

Марко Пајич (21 година,204см) игра на позицијата крилен центар. Во минатите две сезони настапуваше за екипата на Крка, а беше член и на младата репрезентација на Словенија.

Со новите три ангажмани, тимот на МЗТ Скопје Аеродром предводен од новиот тренер Змаго Сагадин за престојната натпреварувачка сезона веќе има обезбедено 11 играчи кои се под договори: Александар Костоски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски, Михајло Арсоски, Александар Цветковиќ, Иван Маринковиќ, Урош Лучиќ, Гиорги Цинцадзе и Марко Пајич.

Актуелниот шампион подготовките за новата сезона ќе ги стартува на 4 август.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос