По неодамнешното претставување на моделот „Елиз Кап 250“, „Лотус“ го претстави и моделот „Евора Спорт 410“, на кој во британската автомобилска компанија успеале да му „симнат‟ дури 70 килограми, а „шлаг на тортата‟ се дополнителните 10 коњски сили.
„Лотус“ со самото име на моделот јасно потенцира дека во споредба со моделот „Евора 400“, сега вози со 410 коњски сили кои се на располагање при 7.000 обрати во минута и се „сместени‟ во 3,5 литарски В6 мотор на кој му помага механички компресор.
Зголемена е и вредноста на најголемиот обртен момент кој сега изнесува 410 нанометри при 3.500 вртежи во минута.
„Лотус“ не би бил „Лотус“s ако неговите инженери килограмите ги стават во втор план. Дополнителните коњски сили секако годат, но вистинскиот ефект кој го произведува „Евора Спорт 410“ (и секој друг вистински спортски автомобил) доаѓа со намалувањето на килограмите.
Со користење на многубројни карбонски компоненти на каросеријата и во неговата внатрешност автомобилот во однос на „Eвора 400“ e полесен за 70 килограми и неговата маса сега е 1.325 килограми.
По имплементирањето на проверениот рецепт „повеќе коњи, помалку килограми‟, „Евора Спорт 410“ од 0 до 100 километри на час стигнува по 4,2 секунди, а максималната брзина во комбинација со рачен менувач изнесува 300 километри на час.
На купувачите им е на располагање и автоматски менувач со кој забрзувањето од 0 до 100 километри на час се скратува за 0,1 секунда, но максималната брзина во тој случај е „само‟ 280 километри на час.
Покрај подобрените вкупни перформанси, повторно е подесена и геометријата на тркалата и „Евора“ на крај е приближена до тлото за дополнителни пет милиметри. Автомобилот лежи на ултралесни зајакнати алуминиумски црни фелни (19 инчни напред, 20 инчни позади) на кои има гуми Мишелин Кап 2.
„Лотус“ на глобално ниво планира да произведува 150 модели годишно. Цената на автомобилот во Германија изнесува 106.900 евра, а публиката премиерно ќе го види моделот неделава на Саемот на автомобили во Женева, каде се очекува и премиера на моделот „Евоара 400 Роудстер“.