Бостон нема да може да смета на една од своите ѕвезди во плеј-офот на НБА.
Бекот Каири Ирвинг ќе се подложи на операција на левото колено викендов и ќе ги пропушти преостанатите четири натпревари на тимот од кампањата, како и плеј-офто и евентуалната борба за титула потоа.
Се очекува да биде целосно обновен 4-5 месеци по интервенцијата.
Ирвинг, кој не игра од 11 март наваму, забележуваше 24.4 поени, 5.8 скока и 3.8 асистенции по натпревар во сезоната, во која Бостон веќе си го обезбеди второто место во Источната конференција.