Трета победа во низа за кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во НБА лигата, откако ноќеска на свој терен го совладаа Шарлот со 101:100. Клучната разлика „езерџиите“ ја направија во втората четвртина која ја добија со седум поени разлика (33:26).
Предводник до 12 сезонска победа на ЛА Лејкерс беше Коби Брајант кој постигна 30 поени и оствари седум асистенции.
Резултати постигнати на другите ноќешни натпревари од НБА лигата: Вашингтон – Атланта 95:100 (по продолжение), Кливленд – Торонто 99:113, Бруклин – Јута 90:92, Мајами – Минесота 103:92, Чикаго – Бостон 100:89, Милвоки – Индијана 98:93, Далас – Филаделфија 107:100, Денвер – Сан Антонио 112:106, и Голден Стејт – Њу Орлеанс 103:96.
Вечерва се играат 11 натпревари. Двојките се: Торонто – Детроит, Њујорк – Бруклин, Орлндо – Вашингтон, Индијана – Јута, Бостон – Кливленд, Атланта – Оклахома, Хјустон – Филаделфија, Феникс – Шарлот, Мемфис – Милвоки, Сакраменто – Голден Стејт и Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс.
Пласман Источна конференција: Њуорк 18-6 (победи-порази), Мајами 16-6, Атланта 15-7, Чикаго 14-10, Милвоки 13-10,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 20-4, Лос Анџелес Клиперс 18-6, Мемфис 16-6, Сан Антонио 19-8, Голден Стејт 17-8,…