Лирија и МЗТ Скопје Аеродром треба да играат денеска, но каде и кога ?

Од:

Екипите на Лирија и МЗТ Скопје Аеродром денеска треба да го одиграа својот втор натпревар од полуфиналето на кошаркарскиот плејоф, но засега никој не знае каде, кога и дали ќе се игра.

Средбата која требаше да се одигра во вторникот, а која беше одложена по барање на Министерството за внатрешни работи, Македонската кошаркарска федерација ја презакажа за денеска.

Сепак, од МКФ сеуште немаат објавено официјален термин и локација на одигрување на натпреварот.

Иако досега уредно беа објавувани сите термини, овојпат на официјалната веб страна на федерацијата нема никаква информација за времето за почеток на натпреварот, како ни потврда дали истиот ќе се одигра во СРЦ „Кале’’ салата за каде беше предвиден да се игра овој натпревар.

Потсетување дека МЗТ Скопје Аеродром има предност од 1:0 во меѓусебните дуели и доколку актуелниот шампионот слави уште една победа ќе обезбеди пласман во големото финале. Во спротивно, победа на Лирија ќе значи одигрување на трета натпревар „мајсторка„ која според календарот би требало да се одигра веќе следниот ден (петок) во арената „Борис Трајковски’’.

Инаку утре (петок) во салата „Парк’’ во Скопје, ќе се игра ,,мајсторката,, од вториот полуфинален дуел меѓу Работнички и Кожув.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос