Лино Червар доби македонски пасош

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска, заради особени заслуги во спортот и промоција на Македонија, на светски познатиот ракометен стручњак и актуелен тренер на РК „Металург“ Лино Червар му го врачи македонскиот пасош.

На вчерашната владина седница беше донесена одлука Червар да добие македонско државјанство.

Червар е во Металург од 2009 година и клубот со него ги постигна најголемите успеси во својата историја. Металург годинава го повтори ланскиот успех и обезбеди влез во топ 16 во Лигата на шампионите. Металург има освоено три шампионски титули и еден куп на Македонија и има играно финале во СЕХА лигата.

Лино Червар како тренер на хрватската репрезентација освои злато на Олимписките игри во Атина, 2004, на светските првенства во 2003 во Португалија, а  сребро во 2005 во Тунис и во 2009 во Хрватска.

На европските првенства во Норвешка во 2008 и во Австрија 2010 освои сребро.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска