Актуелната шампионка во Светскиот куп, американската скијачка Линдзи Вон, викендов се враќа на патеките по тринеделното отсуство заради опоравување по прележана болест.
– Се чувствувам одлично, целосно сум подготвена за предизвиците на патеките. Од здравствените проблеми нозете едноставно не ме слушаа и заради тоа направив пауза, изјави Вон.
Таа е четирикратна освојувачка на светскиот куп.
Во ноември Вон беше хоспитализирана, откако се пожали на болки во стомакот и оттогаш пропушти шест трки во Светскиот куп.
Американката претстојниот викенд ќе учествува во дисциплините спуст и велеслалом, трки од Светскиот куп кои ќе се возат во австрискиот „Сан Антоан“.