Линдзи Вон ја заврши кариерата со медал, Штухец ја одбрани светската титула во спуст

Од:

Легендарната Линдзи Вон ја заврши својата одлична кариера со медал. 34-годишната Американска освои бронзен медал на Светскиот шампионат во Оре. Таа беше со стартен бр.3 и за кратко беше на чело на рангот, но на крајот се нареди трета во конечниот пласман. Шампионка стана Словенката Илка Штухец со време 1:01.74 мин. Втора, на 23 стотинки од секундата зад победничката, финишираше Швајцарката Корин Сутер, а Вон даде време со 49 стотинки послабо од тоа на Штухец.

Дваесет и осум-годишната Штухец ја одбрани својата титула во Сент Мориц во 2017 година, а денешното злато е второ за неа од СП. 24-годишната Корин Сутер го освои вториот медал од светските првенства во кариерата и втор во Оре, откако се закити со бронза во Супер-Џи.

За Линдзи Вон тоа е медал бр.8 од светски првенства (2 златни, 4 сребрени, 2 бронзени). Рекорерката по број на победи (82) од Светскиот куп кај дамите има 3 олимписки одличја (1 златно, 2 бронзени).

Линдзи Вон се пензионираше со вкупно 137 подиуми во кариерата на Светскиот куп. Таа го победила Големиот кристален глобус 4 пати, откако има и 16 мали (8 во спуст, 5 во Супер-Џи и 3 во комбинацијата).

Интересно за одбележување е и тоа дека нејзината последна победа во Светскиот куп беше регистрирана токму во спуст во Оре – на 14 март 2018 година.

Вчера со медал (сребро во спуст) ја заврши кариерата и друго големо име во алпското скијање – Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска