Лина Ѓорческа во финалето на турнирот во Тунис

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Сусе, Тунис откако во полуфиналето ја победи првата носителка Нуриа Паризас- Диаз од Шпанија со 2-1 во сетови (2:6; 6:4; 7:5).

По загубениот прв сет Ѓорческа успеа да изедначи и потоа во решавачкиот сет да стигне до триумф откако противничката водеше со 4:3 и брејк, Ѓорческа до крајот на мечот освои четири гема и загуби еден за конечен триумф.

Ова ќе биде прво финале за македонската тенисерка во 2014 година, а нејзина противничка ќе и биде победничката од второто полуфинале во кое играат Ана Софија Санчез (2,носителка – Мексико) и Каролине Ромео (3,носителка – Франција).

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ