Американецот Тед Лигети е победник на денешниот велеслалом што се возеше во швајцарскиот скијачки центар Аделбоден.
Лигети по првото возење беше втор, а до победата стигна по големата грешка на лидерот од првата трка Марсел Хиршер (Австрија) кој во второто возење се до пред целта имаше предност од околу една секунда, но неговото мало невнимание доведе да загуби рамнотежа, и на крајот да заврши на 16.место.
На подиумот освен победникот Лигети се искачија и второпласираниот Фриц Дофер, а трет беше Феликс Нојројтер, и двајцата од Германија.
Водечки во велеслалом е Лигети со 125 бодови повеќе од Хиршер, а во вкупниот пласман во Светскиот куп Хиршер е прв со 26 бодови повеќе од Свиндал.
Утре во Аделбоден ќе се вози слалом.