Лидерот „Вардар“ гостува кај европскиот шампион „Барселона“

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар од позиција на лидер во Б-групата во Лигата на шампионите вечерва и гостува на Барселона која е бранител на трофејот во елитното натпреварување.

„Црвено-црните“ синоќаа го одржаа последниот тренинг во „Палау Блауграна“, храмот на Барселона за која настапува македонскиот капитен Кирил Лазаров.

– Нашите момци имаат доволно време да одморат, да се сконцентрираат и утре со полна сила да го одиграат најдобриот меч сезонава и да го победат европскиот првак, велат од таборот на вардарци.
Дуелот почнува во 19 часот и 30 минути и е во рамките на 7.коло.

Резултати и двојки за оваа рунда:

А група: Кил – ПСЖ 26:30, Флензбург – ППД Загреб 28:27, Висла – Бешикташ и Цеље – Веспрем.
Табела: ПСЖ 12 бодови, Флензбург 10, Веспрем 9, Кил 8, ППД Загреб 6, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 2.
Б група: Барселона – Вардар, ПИК Сегед – Кристијанштад, Монпеље – Рајн Некар Ловен, Колдинг – Киелце.
Табела: Вардар 10, Барселона 9, Рајн Некар Ловен 7, Киелце 6, ПИК сегед 6, Кристијанштад 4, Монпеље 4, Колдинг 2.
Ц група: Татран Прешов – Порто 24:25, Војводина – Мешков Брест, Ла Риоха – Чеховски Медведи.
Табела: Ла Риоха 10, Порто 10, Мешков Брест 8, Чеховски Медведи 4, Војводина 4, Татран Прешов 2.
Д група: Металург – Мотор 21:23, Баја Маре – Скјерн и Елверум – Кадетен Шафхаузен.
Табела: Мотор 10, Скјерн 8, Баја Маре 8, Кадетен Шафхаузен 5, Металург 4, Елверум 3.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он