Лев: Форматот со 24 селекции на ЕП не е добар

Од:

Јоаким Лев, селекторот на германската фудбалска репрезентација, смета дека форматот со 24 репрезентации учеснички на Европското првенство не е добар.

„Најпрвин е зголемен бројот на учесници на Европското првенство, а сега се говори дека на светското првенство ќе учествуваат 40 репрезентации (наместо досегашните 32). Мислам дека тоа не е добро за фудбалот бидејќи ќе донесе пад на квалитетот. Сметам дека треба на европските првенства да биде вратен форматот со 16 репрезентации“, рекол Лев.

Репрезентацијата која ја предводи Лев, во четвртокот, го загуби полуфиналниот дуел од Франција (0-2).

„Премногу сум разочаран за да можам да размислувм дали ќе останам на селекторската функција“, рекол Лев кој една деценија ја предводи Германија со која пред две години ја освои светската титула.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски