Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе, познат уште и по прекарот „Летечкиот Македонец“, претставувајќи го својот нов тркачки автомобил го најави настапот на трката која викендов ќе се одржи на „Водно“.
Целта на Стефановски е да го собори постоечкиот рекорд од 2 минути 12 секунди и 14 стотинки.
На „Водно 2013“ Игор ќе се соочи со конкуренција од преку 30 натпреварувачи.
Изминативе неколку успешни настапи на меѓународната сцена ми даваат за право да се надевам на успех и на оваа трка. Новиот автомобил е мојот адут, но истовремено и предизвик. Нашиот прв заеднички настап помина одлично, и сум презадоволен од тоа како тој се однесуваше на патеката во Рекберг, изјави Стефановски на денешната прес-конференција.
Оваа сезона македонскиот тркач ќе го вози целиот регионален шампионат ФИА Маке Роадс Сафе, и ќе настапи на дел од трките од европскиот шампионат.