Фински ски-скокач Јане Ахонен ќе се врати од пензија и ќе биде дел од репрезентацијата на Финска за претстојните Зимски Олимписки игри во Сочи во февруари идната година.
Ова ќе биде второ враќање на 36-годишниот Финец од пензија. Тој нема медал од ЗОИ во поединечна конкуренција.
Ахонен од ски-скоковите се повлече во 2008 година, но се врати за ЗОИ во Ванкувер каде беше четврти на малата скокалница и потоа повторно се пензионираше.